Еурофарм Пелистер – Тинекс Пролет 27:28
Тим на Еурофарм Пелистер во Битола остана без бодови во дербито од групата “Б“ во кадетска категорија против гостите од Скопје, кој што подобро ги искористи своите шанси во завршниот дел од натпреварот.
За нашиот состав настапија: Јован Мацанковски и Василиј Пајковски (голмани), Павел Велјановски 2, Лука Кочанов, Спировски Тео 3, Дуковски Александар, Владимир Марковски 4, Мијалчев 3, Антонио Илијевски, Давид Здравковски, Стефан Василевски 3, Сергеј Павловски, Андреј Георгиев 7, Бојан Бојчевски и Јован Симоновски 7.
Тренери: Фарук Мемиќ и Кире Митревски.Тиквеш – Еурофарм Пелистер 9:17
Вториот претставник во кадетска категорија, Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од групата “А“, издвојува победа на гостувањето во Кавадарци.
За тимот на Еурофарм Пелистер 2 настапија: Данило Соколески и Петар Божиновски (голмани), Ангел Мишаков, Петар Талевски, Андреј Китевски 2, Мартин Неновски, Даниел Христовски 2, Новак Велјановски 1, Филип Чокузовски, Михаил Јовевски, Иван Колеќески, Илија Трајчевски, Матеј Мачковски 4, Лука Ѓоѓиевски, Дамјан Мартиновски 1 и Дамјан Ристевски 3.
Тренери: Кире Поповски и Игор Николовски.