Press "Enter" to skip to content

Прв академски час на Бизнис академија Смилевски во Битола и Скопје (фото)

-Одржан првиот академски час на Бизнис академија Смилевски   срдечен пречек на 18-тата генерација студенти во Скопје и Битола.

Со првиот академски час кој се одржа во Битола и Скопје, официјално започна академската година на Бизнис академија Смилевски. Оваа година, академијата ја запиша најбројната генерација на студенти досега, кои ќе ги започнат своите студии во рамки на првиот циклус на студии (додипломски).Станува збор за 18-та генерација на студенти кои избраа современо и практично образование на оваа високообразовна установа, која работи на две локации – Битола и Скопје, овозможувајќи пристап до квалитетно образование на поширок круг млади луѓе од целата држава.Добредојде и успешно студирање им посакаа проф. д-р Гордана Тасевска во Битола и проф. д-р Тони Соклевски во Скопје.На бруцошите во Битола им се обрати основачот на Биснис академија Смилевски, проф. д-р Цветко Смилевски кој на новите студенти им посака успешно студирање.
Студентите имаат можност да се образуваат во рамки на три атрактивни студиски програми: бизнис менаџмент, маркетинг менаџмент и менаџмент на квалитет.
Наставата се одвива со модерен пристап, ориентиран кон практични вештини, со менторска поддршка од страна на професорите и истакнати стручњаци од практиката.
Бизнис академија Смилевски продолжува да го шири своето влијание како еден од водечките високообразовни центри за современо образование во земјава, со јасна визија – создавање на генерации подготвени за предизвиците на модерниот пазар на труд.