Press "Enter" to skip to content

Со свечена академија Педагошки факултет Битола одбележа 30 години од основањето (фотогалерија)

Денеа во анфитеатарот на Педагошки факултет во Битола беше одржана свечена академија со која беа одбележан јубилејот од 30 години од основањето на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Светскиот ден на учителот.На свечената академија присуствуваше ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, претседателот на Сенатот на УКЛО – проф. д-р Филип Поповски, градоначалниците на Битола – Тони Коњановски, на Новаци – Стевче Стевановски, деканите на единиците на УКЛО, претстаници на унуверзитетот “Гоце Делчев“ од Штип, претставици на основните и средните училипте од Битола, на детските градинки…Ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски рече:-Овој факултет е мој иако не студирав тука, а ќе кажам зошто. Мојата учителка имаше завршено “ВеПеШе“ таа ме описмени. Учителките на моите синови ги описменија учителки кои има завршено Педагошки факултет. Вие сега, и вашите претходници ги имате описменето ова општестви, тоа навистина е нешто што треба да се гордеете, на вашите корени, односно напите корени се многу подлабоки. Овој универзитет е наследник на најголемиот словенски учител Св. Климент Охридски. Гордо да го носиме неговото име, а ние како установа што едуцира учители имате потполно право да речите дека ја продолжувате просветителската мисија на Св. Климент Охридски. Затоа ви благодарам, и Ви го честитам јубилејот.Деканката на Педагошкиот факултет Битола проф. д-р Данче Сивакова Нешковски во своето обраќање рече:-Како деканка имам привилегија да ја водам оваа институција токму во годината кога славиме голем јубилеј – 30 години од основањето на факултетот. Моето задоволство е уште поголемо бидејќи ова чествување се совпаѓа со нашата шеста меѓународна конференција Education across Borders – REMA: Reimagining Education in the Modern Age, како и со Светскиот ден на учителот, 5 октомври. Педагошкиот факултет во Битола има богата и плодна историја. Тој ги продолжува традициите на прочуената Учителска школа и  Педагошката академија, а од 1995 година се разви во Факултет за учители и воспитувачи со четиригодишни студии и продуцира кадар кој е способен за современа настава, насочена кон развој на индивидуалните потенцијали на децата и младите и кон градење активно граѓанство кое придонесува за општествениот развој. Факултетот го развиваме во насока на зачувување на нашите силни страни, подобрување на слабостите, искористување на можностите и минимизирање на заканите. Се грижиме транспарентно да го прикажеме нашето функционирање пред студентите, академската заедница и пошироката јавност. Накратко, нашиот факултет е заедница што негува култура на квалитет на сите нивоа и создава академска средина во која акцентот се става на науката, знаењето и универзалните човечки вредности.Градоначникот на Битола, Тони Коњановски рече:-Во овие триесет години, Педагошкиот факултет се градеше и се развиваше во реномирана високообразовна установа која игра клучна улога во воспитно-образовниот систем на нашата држава. Од неговите клупи излегоа илјадници наставници, воспитувачи, педагози и едукатори кои и до ден денес го пренесуваат своето знаење во училиштата и градинките низ целата земја, оформувајќи генерации млади луѓе, градејќи темели на современо, одговорно и хумано општество.  Учителската професија е една од најодговорните и највредните. Да се биде учител значи да се биде воспитувач, инспирација и поддршка, со цел да се допрат срцата и умовите на младите и да се постават темелите на нивниот пат. Затоа во центарот на секој образовен процес стои учителот. Ниту една современа технологија, ниту една нова алатка не може да ја замени човечката топлина, трпението и мудроста што ги поседува добриот учител.На Педагошки факултет јубилејот им го честита и преставничката на Универзитетот на Западна Македонија од Кожани, Грција, проректорот Елени Грива. Педагошки факултет на Универзитетот, институции, поединци и на пензионираните вработени им додели благодарници, а од Ректоратот доби за јубилејот доби икона од Св. Климент Охридски, нивниот патрон.Инаку, Педагошкиот факултет во Битола ги продолжува традициите на Педагошка академија која како наставно-образовна институција произлезе од прочуената Учителската школа.  Академијата беше основана во далечната 1964 година.  Основната мисија на Академијата беше оспособување на кадар со вишо образование за потребите на училиштата од југозападниот регион на Македонија.  Наставата беше организирана во две години (четири семестри).Од учебната 1972/73 година Педагошката академија започнува нова развојна фаза: насоките за двопредметна настава се укинати, а со работа продолжува насоката за одделенска настава. Последното реформско преструктурирање се одвиваше од 1985 до 1990 година, кога на Педагошката академија, покрај Насоката – учител, се воведени паралелки од насоченото средно образование, културолошка насока.  Четири години подоцна, со активирање на нова студиска програма, на Академијата започнува едукација на кадри за предучилишни установи.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »