Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 17:23 (8:13)
Ракометарките на Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевси“ се поразени од Тиквеш со резултат 17:23, полувреме 8:13, во рамките на шестото коло од новата сезона во Суперлигата.Натпреварот беше отворен во знак на домаќините, кои имаа водство од 4:2, а потоа следуваа неколку грешки кои ракометарите на Тиквеш ги искористија, направија серија од три гола и имаа прво водство 4:5. Ракометарите на Тиквеш продолжија со добра игра, а домашните ракометари не успеаја да аналураат преднста. Кавадарчани направија разлика од +4, имаа водство од 6:10, а на одмор заминаа со +5 (8:13).
Второто полувреме донесе восдтво на Тиквеш од +6, а екипата на Еурофарм Пелистер 2 потоа намали на -3 (12:150 по серија голови. До крајот на натпреварот екипата на Тиквеше не дозволи да ја загубат предноста, а на крај победија со 16:24, високи шест голови разлика.
Ненад Белистојаноски беше најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 со четири постигнати голови.
Фото: Дамијана Ристевска