Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сонце, температурата до 18 степени

Денес, недела, 5 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, понеделник, 6 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »