-Битола од секогаш имала шампиони во мото-крос, но кога зборуваме за мото-кросот пред 10 години, како е и насловот на рубриката, не можеме да не го споменеме Борче Костов кој неколку сезони беше во врвот на овој спорт во Македонија, а имаше и значајни настапи на Источно европскиот шампионат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Борче Костов започна со својата натпреварувачка кариера не како тинејџер, туку во зрели години, но неговата упорност и пред се храброст, го донесе да биде неколку сезони на врвот на мото-кросот во Македонија, во категоријата во МХ3 класата.
–Битолчани имаа ретка прилика во 2015 година, како шампион, а со број “1“ на неговото “кавасаки“ да го гледаат Борче Костов – Жолтио на втората по ред меморијална трка “Тони Гулевски – Братиндол 2015“ и да уживаат во неговото возење како победник, зашто доби аплаузи на отворена сцена од илјадната публика на патеката кај Братиндол.
Треба да се спомене дека Жолтиот има голем број на награди и признанија, за неговото возење и за неговиот придонес во развој на мото-спортот и дека на неколку пати бил и на второ место во изборот на спортист на Битола.
Костов во тој период поради секогаш актуелните финансиски проблеми во мото-кросот настапуваше за неколку клубови, Мото-старс, ЛТД, Ноќни Волци.

Деновиве пред 10 години: Битола имаше шампион во мото-крос, Борче Костов -Жолтио највозрасен натпреварувач (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прв настап на Исмаил Љумановски во Битола, ги воодушеви битолчани (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 поразен во Битола од Тиквеш (фотогалерија)
- Победа и пораз на кадетите на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Да се потсетиме, како изгледаше црвениот пепих во 2015 година на “Браќа Манаки“ во Битола (необјавени “слики“ – фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: се одржа 36. издание на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер на јубилејот 80 години постоење, го победи Динамо Букурешт во Битола (мега фотогалерија)
- Свечена академија 80 години фудбалски клуб Пелистер од Битола (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Изложба на сликарот, наш сограѓанин, Илија Кочовски во Битола (фотогалерија)
- ТППЕ Битола: интервенција по опожарен “мерцедес“ возило во Горно Оризари