–Пред некое време во Битола го слушавме нашиот сограѓанин Исмаил Љумановски, кои пријателите го викаат Смајко, во Хераклеја заедно со уште тројца виртуози на кларинетот, двајца од Битола, и се воодушевувавме на новите “мајстрории“ на кларинетот, но ќе ги потсетам битолчани дека Ислаил првиот посериозен настап во родниот град го имаше пред 10 години во Центарот за култура во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во 2015 година, Исмаил си ја исполни својата неисполнета желба, со својот оркестар “Њујорк Џипси ол старс“, се претстави пред своите сограѓани, битолчани, каде што ја почна својата музичка кариера.
Битолчани до тогаш можеа само да читаат, или да се информираат преку неговата
фејсбук-страница, а имаше и настапувано со македонската филхармонија. Конечно му се исполни животната желба на Исмаил кој заедно во комплетен состав, со неговиот бенд, со светско реноме “Њујорк Џипси ол старс“ настапи во Битола.
Големата сала на Центарот за култура за само неколку часа буквално беше распродадена и беше претесна да ги прими сите љубители на неговата музика, да го проследат неговиот настап.
Тогаш неговиот бенд, постоеше повеќе од 12 години, а во кој членуваат музичари од Грција, Турција, Швајцарија, Австралија и САД во состав: Тамер Пинарбаси, Панајотис Андреас, Енгин Гунајдин и Џејсон Линднер, ги воодушевија над 1.000 присутни во Центарот за култура. Лумановски, речиси два часа, со својот богат репертоар предизвика овации кај присутните, кои во два наврати го враќаа на бис на сцената.
-Уште како млад музичар кога ја почнував својата музичка кариера сонував да имам свој настап во Битола. Верувајте ми, сум настапувал на многу сцени во светот, но секогаш кога ќе ги слушав аплаузите по моите настапи мислите ми се враќаа во Битола и се прашував кога ќе можат моите сограѓани, комшии, другари, пријатели да ја слушнат мојата музика. Затоа кога ја добив поканата, сега за време на оваа моја турнеја низ Балканот и Европа да настапам во Битола, прифатив, што би се рекло, на “поминување“ да настапам во Битола, рече Исмаил и додаде:
-Јас лично тремата одамна ја имам надминато, сепак морам да признам дека овој пат имав огромна трема како ќе ме прифатат моите сограѓани. Затоа кога по почетното “запознавање“ ги слушнав аплаузите знаев дека тоа ќе биде извонреден концерт, а битолчани покажаа дека ја знаат музиката. Навистина сум воодушевен од тоа како публиката ме прифати, 

Деновиве пред 10 години: прв настап на Исмаил Љумановски во Битола, ги воодушеви битолчани (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










