Press "Enter" to skip to content

Пелистер на јубилејот 80 години постоење, го победи Динамо Букурешт во Битола (мега фотогалерија)

Пелистер – Динамо Букурешт 2:0 (0:0)

Екипата на Пелистер од Битола го прослави 80. роденден на клубот во ревијален меч со Динамо Букурешт од Романија, кој се одигра на стадионот “Петар Милошевски“, а попознат како стадион под Тумбекафе, победи со резултат 2:0, полувреме 0:0, а два гола кои паднаа во завршницата на натпреварот.На овој натпревар и навивачите на Пелистер, навивачката група “Чкембари“ прославија 40. години постоење.Публиката имаше што да види, а повеќе фудбал имаше во второто полувреме, но ова беше еден убав натпревар, кој не беше “пријалелски“ туку фудбалерите од двете екипи се бореа за секоја топка, се натрпреваруваа за секој дел од теренот.Натпреварот го започна со почесен удар, некогашниот голман на Пелистер, чичко Власте, кој доби голем број аплаузи на отворена сцена, оправдано, бидејќи чичко Власте моментално е најстариот член на ФК Пелистер.Овој меч воедно беше и деби за новиот тренер Милан Стојановски, кој на клупата го наследи Димитар Капинковски и имаше шанса да се запознае со тимот.На отворањето на натпреварот капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски шутираше од слободен удар во 11. минута, но само крај голот, а потоа истиот играч имаше можност во 35. минута, но не ја искористи.Во продолжение на натпреварот гостите од Романија двапати се заканија, но голманот на Пелистер, Јовчевски добро реагираше.Второто полувреме започна со измени во Пелистер, а новиот тренер Стојановски направи тројна замена, а замени имаше и во тимот на Димано.Во второто полувреме, првиот гол падна во 75. минута кога по еден центаршут од десната страна на Ристиќ, Тоадер од Динамо си даде автогол.Вториот гол на Пелистер беше постигнат од пенал, во завршницата, во 88. минута, кога Ристевски ги постави конечните 2:0.До финишот на мечот, Вилдан Керим имаше две шанси за гол, но не успеа да ги искористи за уште поубедлива победа.На натрпеварот навивачката група “Чкембари“, во првото и во второто полувреме имаше свои минути.По натпреварот Милан Стојановски, тренерот на Пелистер беше задоволен од првичниот впечаток кој му го оставила екипата.-За прв меч, ова беше едно големо искуство и за мене и за екипата. Можевме да видиме еден професионален фудбал и се надевам дека овој меч ќе им значи на сите играчи за продолжението од кариерите. Сепак, разликата меѓу Динамо Букурешт и Пелистер е огромна во квалитетот. Најважно е што немавме повреди и што се мина во најдобар можен ред. Динамо е голем клуб, одлична екипа, со одличен тренер и му посакувам среќа во иднина. Уште еднаш, благодарност затоа што прифатија да играме ваков меч. Овој дуел ми даде многу да видам како излгеда тимот и кои се играчите, изјави Стојановски.Натпреварт го судеше судиска четворка од Битола, на чело како прв судија беше меѓународниот судија Благојче Ралевски.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »