Со традиционалниот марш низ Широк Сокак, Лајонс клуб „Кабадаја“ и Здружението на слепи лица од Битола го одбележаа Светскиот ден на слепите лица и лицата со оштетен вид. Маршот на „Белиот стап“ има за цел да ја подигне јавната свест и да ги промовира правата и потребите на оваа заедница.
Претседателката на Лајонс клуб „Кабадаја“, Емилиа Ѓероска, истакна дека клубот континуирано ја насочува својата хуманитарна работа кон поддршка на лицата со попреченост.
-Нашата заложба не се ограничува само на денешниот ден – во текот на целата година реализираме активности и иницијативи кои придонесуваат за поголема инклузија и разбирање во општеството на сите категории граѓани со попречености, додаде Ѓероска.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави иницијативата и нагласи дека соработката меѓу општината и здруженијата на лица со попреченост е конструктивна и отворена и досега се реализирани повеќе проекти на предлог на Здружението на слепи а со кои им се олеснува живеењето во Битола.
Тој ги покани членовите на Здружението на слепи лица да ја посетат неговата канцеларија со цел заеднички да се разгледаат предизвиците и да се најдат конкретни решенија кои ќе го олеснат нивното секојдневие.
Во рамки на настанот, д-р Ирена Ружин најави и нова тактилна изложба во НУ Завод и музеј – проект поддржан од Министерството за култура и туризам, кој го прави културното наследство достапно за сите.
-Ова не е само прашање на човекови права, туку и на професионална етика и посветеност,“ нагласи таа.
Директорката на музејот, Маргарета Спасов, потврди дека институцијата секогаш има „широко отворени врати“ за лицата со оштетен вид.
Изборот на музејот како место на одбележување не е случаен – тој произлегува од долгогодишната соработка на Андријана Шоклароска, член на Лајонс клуб „Кабадаја“, со музејот, во рамки на која се изработуваат преводи на изложбени експонати на Брајово писмо, овозможувајќи целосно инклузивно културно искуство.
Настанот заврши со отворена дискусија и размена на идеи меѓу учесниците, во која како еден од клучните предлози произлезе организација на обука за дигитална писменост за лицата со оштетен вид, со цел поттикнување на нивната самостојност и поголема вклученост во современото дигитално општество. 

Марш на „Белиот стап“ по Широк Сокака во Битола – почит и поддршка за лицата со оштетен вид (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пет битолски тима вечерва имаат шанса да влезат во ТОП 20 на најголемиот натпревар за средношколци во Македонија – „Средношколец Милионер“
- Вечер во Битола изложба која го одзема здивот “Битолски ликовни генези ВДИСТ“
- Успешна Годишна меѓународна конференција: „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“во организација на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Објавени броевите 16 и 17 од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на Македонско научно друштво – Битола
- СВР Битола: приведен велешанец, го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување





