Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени од шампионот Јанта во Битола на стартот на сезоната (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Јанта 1:3  

(25:21, 19:25, 22:25, 20:25)

Одбојкарките на Пелистер волеј од Битола вечерва со натпреварот против екипата на Јанта од Скопје ја отворија новата одбојкарска сезона, а ова беше нивни прв натпревар после враќањето во Првата лига. Битолскиот прволигаш влезе амбициозно во дуелот со шампионот и имаше одлична премиера во прволигашкото друштво потврдувајќи уште на стартот дека ќе биде силен прптивник за сите екипи.

Пелистер волеј го освои првиот сет, а целиот натпревар беше возбудлив, динамичен, содржаен со многу пресврти и борбена игра. Тренерот на Пелистер Волеј, по завршувањето на натптеварот, во првата анализа каде “погреши“ неговиот тим рече:-Направивме некои неизнудени грешки кои не се дозволени со вака силен противник, и не реализиравме во неколку наврати во напад, особено во третиот сет кога имавме водство од 22:18 ако не се лажам, по што сигурно ќе гледавме петти сет.-Но апсолутно сум задоволен од прикажаната игра на моите играчи, оваа екипа дефинитивно ќе расти од натпревар во натпревар, сезоната е долга и секако дека ништо нема да ја намали нашата самодоверба, напротив денес во двочасовна драма докажавме дека иако сме нов суперлигаш ќе пркосиме на секоја екипа од лигата, додаде Митковски.

Пелистер Волеј упати благодарност до публиката која само допринесе за фантастична одбојкарска атмосфера, каква што и доликува на спортска Битола, публика која докажа дека е желна да гледа убава одбојка.-Честитки и за нашите одбојкарки кои покажаа дека се желни за прва победа која сигурен сум дека ќе дојди веќе во второто коло, заврши Митковски.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »