Press "Enter" to skip to content

Барселона подобра во Битола, Еурофарм Пелистер добро одигра – недоволно за изненадување (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер  – Барселона 30:34

Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, во рамките на групната фаза на Лигата на Шампиони е поразен од европскиот ракометан гигант, Барселона со резултат 30:34, а овој пораз е четврти пораз во низа, по Висла Плок, ГОГ Гудме и ПСЖ.“Пелистерци“ тргнаа одлично во првото полувреме, бодрени од преполните трибини со љубители на ракометот, дваесетина минути беа во егал со каталонскиот гигант, а Митревски имаше свои моменти. Се играше најчесто гол за гол, и да не беа техничките грешки, македонскиот тим можеше да води со повеќе од еден погодок.Митревскифати три топки во првите десет минути, а резултатот во 20. минута беше 8:8. Следуваше пад во играта кој донесе и победа на Барселона.Избраниците на Ортега со серија од 7:1 се одлепија на 10:15 и потоа беше доста полесно да се игра. Проблем кај “пелистерци“ беа техничките грешки, имаа вкупно осум во првиот дел. На паузата, резултатот гласеше 13:17 за Барселона.Во второто полувреме шпанскиот гигант не му дозволи на македонскиот тим да се доближи ниту еднаш. Поразот можеше да биде поубедлив, да не беше Никола Митревски кој блескаше на голот и во повеќе наврати спаси еден на еден ситуации.Највисоко што Барселона водеше беше седум гола, Пелистер дојде во ситуација да напаѓа за „минус три“, но Нилсен го одби налетот на домашниот тим. Потоа гостите имаа и плус седум на стартот на вториот дел, 24-17, но домашните не се предаваа и успеаја да ја стопат негативата на четири погодоци.Митревски продолжи да брани во одлична форма, тренерот Гарабаја ротираше со составот, а Хенигман одново спушти на минус четири, 31:27.Со цепелин од гол на гол меѓу Митревски и Манасков што ја запали публиката беше 33:30, но сепак немаше многу време за комплетен камбек на македонскиот првак и Барса рутински ги одработи последните неколку минути од натпреварот.Најдобар стрелец на мечот беше Ник Хенигман со осум гола, го следеше Дејан Манасков со седум гола од седум обида, а голманот Никола Митревски забележа 13 одбрани.Повторно полни трибини, громогласна поддршка и енергија, иако Пелистер не победи, но доби нешто многу поголемо – аплауз и респект за храброста, за срцето и за играта што прикажа, во која се бореа рамноправно со најдобрите, а вечерва резултатот не беше само бројка. 

Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »