Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)

Денес Битола, поктар секогаш популарните екипни спортови, ракомет, фудбал и кошарка може да се пофали и с0 спорт кој веќе една деценија напредува, а тоа е женската одбојка, одосно клубот Пелистер Волеј, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Пред 10 годони Пелистер Волеј беше мал и млад одбојкарски колектив, со скромни можности со голем елан за работа, предводен од Роберт, Темело, Труфуно и Аце. Тројцата тренери се сеуште во клубот, и работат со голем елан како и пред 10 години, но сега со поголем клуб и поголеми амции.Од таа тренерска четворка го нема во клубот Аце кој се наоѓа во Германија, каде продолжи да работи со одбојка. Фотографиите се направени во 2025 година, во ова време, во спортската сала на Средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола, за време на  одржување на одбојкарски турнир. На турнирот покрај домаќинот Пелистер – волеј, настапија и тимовите на Работнички од Скопје,  Љуботен од Тетово и екипата на Шкендија. Екипата на Пелистер Волеј беше поразена од екипата на Работнички со 2:0 по сетови, а во вториот натпревар ја победи екипата на Љуботен со резултат 2:0 по сетови.  Поради недоаѓањето на Шкендија, Пелистер ги освои бодовите со службен резултат, а Пелистер во тој период од турнирските натпреварувња беше на 2. место на табелата.

More from БитолаMore posts in Битола »