Во 7 часот сите 170 избирачки места во Општина Битола се навремено отворени. Во Битола право на глас имаат 77.253 гласачи, а за тие гласови на битолчани конкурираа 8 кандидати за градоначалник и 16 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.
Во Битола, бројот на гласачи, во споредба со локалните избори од 2021 е намален за 3.629 граѓани со право на глас.
Излезноста на гласачите во Битола до 11 часот изнесува 10,66 проценти, а до 9 часот излезноста беше 3,38 проценти.





