Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола домаќин на регионален состанок на COST акцијата „КлиМент“

УКЛО е домаќин на тридневниот состанок на претставници од работната група 3 во COST акцијата “КлиМен“ што ја истражува врската помеѓу климатските промени и менталното здравје, фокусирајќи се на стратегии за справување и одржливи интервенции преку координирани работни групи.

Воспоставената меѓународна мултидисциплинарна мрежа од истражувачи и други засегнати страни, вклучувајќи клиничари, невладини организации и мали и средни претпријатија од цела Европа има за цел да ја зајакне научната основа за ефектите врз менталното здравје поврзани со климата, да го поддржи кариерниот развој на истражувачите и практичарите за ментално здравје и да ги оспособи граѓаните, едукаторите и креаторите на политики преку „Заедници на пракса“, опремувајќи ги со алатки за справување со предизвиците за ментално здравје предизвикани од климатските промени.

Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска од ВМШ при УКЛО и д-р Билјана Ѓонеска од МАНУ се во управувачкото тело на оваа COST акција, како претставици од Македонија и лидери во работната група 3 на ,,КлиМент“.

-Оваа работна група ги испитува т.н. бихејвиорални интервенции, односно стратегии со кои ќе се смени однесувањето на поединците во општеството, во насока на поддржување на климатска акција, вели д-р Ѓонеска и потенцира: Било која интервенција, која што е намената да ја потикне, да ја стимулира т.н климатска акција, што е сега една од главните стратегии и во рамки на глобалното јавно здравје, кон поддржување на процесот на адаптација кон климатските промени, бидејќи тие веќе се случуваат. Сега борбата е да се подигне свеста на населенијето и освен што ќе биде посвесно за овој феномен што ќе се случува, да биде и порезилентно, поотпорно, подобро адаптирано, меѓутоа и поактивно, попроактивно, затоа што сметаме дека менталното здравје не е само отсуство на болест или подобро справување со болест, туку и проактивност, чувство на контрола врз ситуацијата, случувањата што те обкружуваат.  Нашите цели се многу јасни. Ние имавме зацртано да направиме преглед на сите бихевиорални интервенцији до крајот на годинава, па сега одиме во точно пределени чекори да го регистрираме протоколот за ова прегледна студија која што ќе ја правиме. Оваа работна средба е своевиден мини-хакатон во рамки на научнички средби, ќе биде средба на која на лице место ќе го создаваме и ќе го регистрираме протоколот.

На овој работен состанок се присутни представници од Турција, Грција, Кипар и Ирска, информира професорката Гордана Ристевска Димитровска – идејата е во овие три работи дена да направиме напредок во истражувањето кое го работиме“.

Во COST акцијата ,,КлиМент,, има претставници од 40 европски земји и уште десетина земји надвор од Европа, со близу 500 активни работни членови, што е импозантна бројка и за самите COST акции.