Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за нарушување на јавен ред и мир во Дихово и Лопатица, приведени две лица за дрога

На 21.10.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола во с. Дихово, битолско лишија од слобода 40 годишник од с. Дихово, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир и притоа ги омаловажувал полициските службеници. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.10.2025 во 20:50 часот во с. Лопатица, битолско, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 39 годишник од с. Лопатица ,бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.10.2025 во 13:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Наум Наумоски Борче” во Битола, ги лишија од слобода две лица на возраст од 40 и 39 години, двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај едното лице. била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »