Во рамките на меѓународната соработка и по повод одбележувањето на Денот на хрватскиот парламент во Битола, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола имаше чест да биде домаќин на претставници од Градската библиотека „Марко Марулиќ“ – Сплит, Република Хрватска.
Настанот беше организиран во соработка со Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.
Програмата започна со обраќање на директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова по што беше прикажан краток филм за Библиотеката и Монографијата издадена по повод 80 години од нејзиното постоење.
Директорката на ГКММ, Гроздана Рибичиќ, потоа ја отвори изложбата „Марко Марулиќ – европски хуманист“, со што присутните имаа можност да се запознаат со животот и делото на овој значаен хуманист и книжевник.
Следуваше и проекција на филм посветен на најпознатото дело на Марулиќ – „Јудита“, по повод 500 години од неговото создавање, презентирано од актерот Мате Травиќ, кој беше и модератор на разговорот со познатата писателка и библиотекарка Нада Топиќ на тема „Живот со книга“.
На крајот на свечениот дел, беа доделени благодарници од страна на Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола, а директорките на двете библиотеки разменија симболични подароци како израз на благодарност и поттик за понатамошна културна и меѓународна соработка.
Настанот продолжи во неформална атмосфера во Центарот за култура – Битола, каде присутните уживаа во театарската претстава „Пижами за шестмина“ во изведба на Градскиот младински театар од Витез, Република Босна и Херцеговина, предводен од актерот Иван Сајевиќ. Оваа средба потврди дека книгата и културата се мостови што поврзуваат народи и создаваат пријателства што траат.

Одбележан денот на Денот на хрватскиот парламент во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Србинот Кочовиќ ново засилување на КК Пелистер
- Едукативен-забавен хепенинг во Зоолошката градина Битола (фото)
- Инженерство, иновации и извонредност: 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: син нападнал татко, пронајдена стара граната
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
More from КултураMore posts in Култура »
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола










