Press "Enter" to skip to content

Ружди Рустемовски од Битола најдобар боксер на 15. меѓународен боксерски турнир “Битолски Победник“ (фотогалерија)

-Покрај најдобриот боксер на турнирот Ружди Рустемовски од Пелистерски ју ак од Битола , за најдобар течничар е прогласен Виктор Мајсторовиќ од БК Димке,  а за најборбен пар се прогласени Бојан Мачковски од Пелистерски јунак и Бугарин Василие од Бјело Поле.

-Посебни признанија за Општина Битола, Јован Петровски – Оцо и Цане Георгиевски.Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одржа 15. меѓународен боксерски турнир „Битолски победник“, на кој учествуваа боксерски екипи од Македонија и од земјите на Балканот, меѓу кои и нашите битолски шампиони од клубот Пелистерски Јунак, носители на златен и сребрен медал од Отвореното балканско првенство во Босна и Херцеговина.Турнирот беше во организација на Боксерската ферерација на Македонија, а технички организатор беше боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола, со поддршка на Општина Битола.Меѓународен боксерски турнир “Битолски победник“ истовремено е и трето коло од Опен Балкан Купот, а беше пренесува директно на кабелската телевизија “Арена спорт“. Пред почетокот на турнирот градоначалникот на Битола – Тони Коњановски рече дека со ваквите спортски успеси и со ваква организација со многу боксери и околу 30-тина боксерски натпреаври , уште еднаш се потврдува потребата од создавање подобри услови за развој на боксот во нашиот град. Затоа, во тек е изградбата на новата боксерска сала, која ќе обезбеди современи услови за тренинг и натпревари на младите битолски боксери.На турнирот ќе се натпреваруваа екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други балкански земји.Боксерскиот турнир “Битолски Победник“ кој беше возобновен минатата година веќе петнаесет години е спортски заштитен знак на Битола, потврдувајќи го статусот на градот како центар на македонскиот бокс, а како и очекуваа организаторите во возбудлива атмосфера, се одржаа фер борби со силна поддршка од битолската публика, особено за настапите на врвните битолски боксери.Најмногу внимание секако привлекоа борбите на битолските шампиони Адријан Рустемовски и Ружди Рустемовски кој заслужено беше прогласен за најдобар боскер на турнирот.Адријан го победи Александар Цакиќ од БК Војводина од Србија во категрија до 60 килограми, а Ружди го победи Џенис Ваниќ од Олимпикус во категорија до 67 килограми.На Битолски победник победија и Бојан Мачковски, Андреј Јаневски и Алишан Рустемовски.Боксерската федерација им додели посебни признанија на градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, техничкиот организатор Јован Петровски – Оцо, тренер на Пелистерки јунак, на меѓународниот боксерски судија од Битола – Цане Георгиевски.Во жирито за доделување на посебните награди на “Битолски победник“ беа поранешните боксери и тренери Илија Белџигеровски, Сејдо Амедовски и Илија Георгиевски и доајенот и специјалист за бокс – Димче Миновски.За прв пат, на воодушевување на публиката во салата во паузите помеѓу натпреварите и за паузите на борбите слушаше и бенд во живо, а тоа вечерва во Битола беше групата “Гром“, а имаше и ди-џеи.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »