Денес, понеделник, 27 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управаата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, вторник, 28 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.





