Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворена изложбата “Континуитети“ – Избор од француската колекција на МСУ – Скопје (фотогалерија)

Вечерва во малата сала на Завод и Музеј Битола беше отворена изложбата насловена “Континуитети“ – избор од француската колекција на МСУ – Скопје, на која куратори се  Владимир Јанчевски, Благица Варашанец и Ива Димовски.Присутите ги поздрави и и им се обрати директорката на Завод и Музеј Битола, Маргарета Спасов, која рече:-Се радувам што една ваква значајна изложба е поставена во Завод и Музеј во Битола, а прикажува тематската и стилска разновидност и виталност на француската уметничка сцена во текот на 20 век.За изложбата, во име на тројцара куратори зборуваше Владимир Јанчевски кој нагласи:-Најпрво сакам да им се забагодарам на Завод и Музеј Битола и секако на колегите што можеме да ја претставиме оваа изложба во Битола. Музејот на современата уметност – Скопје е формиран во 1964 година во Скопје како резултат на делата кои што пристугнувале во Скопје по катасрофалниот земјотрес во 1963 година, а биле сместени во музејската зграда специјално изградена на оваа институција. Таму се наоѓаат повеќе од 5.3оо дела од речиси сите земји од светот. Идејата да ја поставиме оваа изложба и да ја донесеме во Битола е поради тоа што во тоа време во Париз, кој бил најначаен уметнички центар живееле голе број уметници. Изложбата има поставено 34 дела, а делата припаѓаат на француската колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, која опфаќа околу 300 дела од повеќе од 150 автори и претставува еден од темелните сегменти на меѓународната збирка на музејот.-Изложбата „Континуитети“ претставува избор од слики, скулптури и графики создадени во периодот од 1933 до 1995 година, кои ја прикажуваат тематската и стилска разновидност и виталност на француската уметничка сцена во текот на 20 век. Потеклото на колекцијата е поврзано со катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, кога по иницијатива на францускиот критичар Жан Касу и со поддршка на француската влада, МСУ ја добива првата меѓународна помош во вид на уметнички дела — дел од гестот на солидарност. Подоцна, француски уметници како што се Сонија Делоне и Селин Ломбард (2015), како и бројни институции и галерии, продолжуваат да придонесуваат кон збогатување на оваа збирка на музејот унапредувајќи го нејзиниот културен и историски контекст, рече Владимир Јанчевски.Изложбата го истакнува токму тој дух на инклузивност и креативна размена, поставувајќи дека уметноста е поле на заедништво и универзални вредности и денес. Преку делата на Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Ана-Ева Бергман, Зоран Мутич, Марта Пан, Асадур Безидкијан, Зора Стан, Хуан Рубаска и други, изложбата ги осветлува креативните континуитети што го обликувале европскиот уметнички пејзаж во 20 век и го реафирмира духот на светската солидарност — идеја врз која е изграден и самиот МСУ – Скопје.Во 2023 година, изложбата „Континуитети“ одбележа 30 години дипломатски односи меѓу Франција и Северна Македонија и 60 години од скопскиот земјотрес, а во 2025 година беше воспоставена нова соработка со Музејот на современата уметност во Лион. На тој начин, низ различни генерации, личности и институции, се гради континуитет на културен дијалог и меѓусебна поддршка, кој ја потврдува трајноста на меѓународната соработка како темелна вредност на музејот.Во својата суштина, изложбата „Континуитети“ ја слави трајната човечка и уметничка поврзаност што ги обликува нашите заеднички културни сеќавања. Таа ја претставува уметноста како витален мрежен однос — меѓу уметниците и публиката, меѓу минатото и сегашноста, меѓу локалните и глобалните наративи — што ја дефинира динамиката на современата уметност и светот во којшто живееме денес.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »