НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги доби како донација најновите наслови на книги и собраните дела од еминентните македонски автори Раде Силјан и Божин Павловски, во издание на Матица Македонска.
Донацијата ја овозможија д-р Драган Ристевски и Владо Ѓорески, долгогодишни соработници, издавачи и пријатели на библиотеката, кои ги донираа овие дела на Библиотеката.
Директорката м-р Емилија Стефановска Давкова им се заблагодари на дарителите за нивниот придонес и истакна дека секоја донација е од големо значење за збогатување на книжниот фонд и поттикнување на љубовта кон книгата и читањето.











