АД ЕСМ покрај општестевно одговорна компанија истата ги следи светските трендови во насока на нови профили од електро-енергетскиот сектор.
Со денешното доделување на 11 стипендии беше продолжена долгогодишната соработка со Универзитет “Св. Климент Охридски“ од Битола поточно со Техничкиот факултет.
АД ЕСМ покрај директниот влог, индирекно инвестира и во идните потенцијални вработени, затоа денеска беа доделени пет нови, а се обновија договорите за шест стипендии на студенти на Техничкиот факултет- Битола.
Имено, условот за продолжување на стипнедијата од 80.000 денари или поточно 10 месеци по 8.000 денари, добија оние кои го запазија критериумот, просек не помал од 8, а условите се исти и за новите пет стипендисти, со кои денеска АД ЕСМ потпиша договор во просториите на Подружница РЕК Битола.
-Техничкиот факултет од Битола со своите наставни програми често е во согласност со потребите на електро- стопанството во земјава, со што новите пет стипендии се од одсекот мехатроника и електоренергетски системи и обновливи извори на енергија, додека продолжените шест договори ги помагаат студентите од секторот машинство. Нашата визија како компанија е континуирано инвестирање во производствени капацитети, но и соодветен кадар-вработени кои ќе управуваат со истите, со цел непречени резултати од целокупното работење и стабилен енергетски систем во Државата, истакнаа од ЕСМ.

АД ЕСМ со пет нови стипендии, доделени во РЕК “Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)





