Press "Enter" to skip to content

Годишна меѓународна научна конференција на УКЛО Битола „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“

Во чест на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе ја одржи својата Годишна меѓународна конференција: Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ на 14 и 15 ноември 2025 година во КИЦ- Офицерски дом во Битола.

Конференцијата ќе обедини академици, истражувачи, креатори на политики и практичари од различни области, со заедничка цел – поттикнување на дијалог, соработка и иновации во служба на одржливата иднина. На свеченото отворање ќе настапат четворица еминентни меѓународни експерти: Ернест Влачиќ, Панајотис Главинис, Иоан Хорга и Ангелос Касканис.

Од Конференцијата ќе произлезе Зборник на научни трудови, а УКЛО наскоро ќе објави и Книгата на апстракти, која ќе го одрази мултидисциплинарниот дух на Kонференцијата и придонесите од различни научни области. https://ojs.uklo.edu.mk/index.php/aisc/index 

Очекувањата се и ова издание на Конференцијата да донесе нови инспиративни излагања и нови перспективи за одржлив развој на локално, регионално и глобално ниво.  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги покани сите заинтересирани да бидат дел од овој значаен научен собир што го промовира знаењето, соработката и одржливиот развој.

Во рамките на програмата, Конференцијата ќе опфати и посебен тематски  дел, панел-дискусија на тема: „Европските универзитетски алијанси во фокус: КОЛОРС, CHALLENGEEU и други, во хибриден формат во КОЛОРС CoSpace Office.  Модератор на  активноста е професорката Рената Петревска Нечкоска, академски раководител на УКЛО КОЛОРС.