-Покрај наградата за животно дело беа доделени и наградите за едногодишни остварувања.
-Вечерва присутните уживаа во изведбата на пијанистката Теодора Капинковска.
Вечерва на Свечена академија која се одржа во Народниот театар Битола, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.
На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнината од ослободувањето на Битола, присуствуваа потпретседателката на Собранието на Македонија – Весна Бендевска, пратениците – Олга Лозановска, Силвана Ангелелевска и Пеце Милевски, советници, гости од збратимените градови на Битола…, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело.
Пред доделување на наградите на присутните им се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:
-Денес, кога се поклонуваме пред спомените на минатото, не треба да заборавиме дека најголемата почит кон хероите е нашето дело кое го создаваме. Да продолжиме да ја градиме Битола со љубов, со чесност и со визија. Да ја чуваме природата што нè опкружува, да го негувавме нашето културно наследство и да ја внесеме енергијата на младите во секоја пора на градот. Само така ќе ја создаваме заедно Битола на иднината, како модерен, зелен и економски силен град, кој ќе биде пример за цела Македонија. Да се потсетиме: слободата не е само минато, таа е и обврска, секој ден да го правиме нашиот град подобар, поубав и посреќен.
Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4-ти Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи наградата за животно дело, годинава да ја добие ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.
Панде Петровски е реномиран ликовен уметник, педагог, афористичар, хуморист и карикатурист, илустратор и сценограф, кој остави огромен белег не само во битолската, туку и во македонската уметност. Особено, неговата вредност, пред се е како човек, кој постојано и до ден денес, твори и живее за уметноста.
Според одлуката на Управниот одбор, за едногодишни постигнувања наградени се следните кандидати, од областа на културата и образованието: Игор Трајковси Фоја, Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски и основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“.
Во име на наградените за годишни остварувања се обрати директорката на основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Драган Кирковска, а за наградата за животно дело се обрати Панде Петровски кој рече дека се заблагодарува на сите за наградата, а посебно поради тоа што еден од предлагачите беше професорот Александар Стерјовски.
Уметничката програма во рамките на свеченоста, беше во изведба на пијанистката Теодора Капинковска.
Фото: Дамијана Ристевска






