Press "Enter" to skip to content

Во Битола повторно приведени пијани возачи, едниот со 1,64, другиот со 2,55 промили алкохол во крвта

На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М. (19) од село Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регитарски ознаки, при што било констатирано дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта. А.М. бил отстранет од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило” казниво по чл.297А од Кривичен законик. 

На 08.11.2025  во 20:02 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б. (44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило” казниво по чл.297А од Кривичен законик.