Во организација на ОФФ Роуд клубот „Пелистер“, денес се одржа Офф Роуд тура, како дел од програмата за одбележување на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На стартот, кој беше поставен пред зградата на Општина Битола, присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, кои ги поздравија учесниците и им посакаа успешна и безбедна тура низ битолските прекрасни предели, исполнета со авантури и дружење.
Учесниците во оваа адреналинска тура имаа можност да уживаат во предизвикувачки патеки, величествени пејзажи и вистински дух што ги обединува љубителите на мото и роуд возилата и природата.
Настанот уште еднаш потврди дека Битола и нејзината околина нудат совршена комбинација на природна убавина и спортски предизвици, со можности за уживање и авантура.

“Офф роад“ тура на клубот Пелистер од Битола во рамките на прославата на 4. Ноември
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)





