Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)

-Со концертот во Битола на светски познатата музичка ѕвезда со англо-египетско потекло, Наташа Атлас, која беше специјална гостинка и главна ѕвезда, успешно заврши седмото годинашно издание на Фестивалот на музика од светот, што се одржа во големата концертна сала на Центарот за култура во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Битолчани имаа ретка и единствена прилика ја гледаат и слушаат светски познатата музичка ѕвезда Наташа Атлас, која по успешните концерти во Париз, Женева, Минхен, Вроцлав, настапи пред битолчани и направи музичко обединување на западната
и источната класична музика, особено комбинација на современиот електронски звук со арапски мелодии и инструменти.Атлас тогаш изјави дека иако првпат настапувала во Македонија, сепак ги воочила сличностите на музиката што ја негува со музиката од ова поднебје.-Слушајќи музика од овие краишта пронајдов многу сличности. Кларинетот и користењето на Таксим ги има во мојата, како и во македонската музика. Тоа што го изведувам е слично
со македонската музика. Сум патувала низ државите од Балканот, ги знам музичките ритми кои се многу слични, па дури и стомачните танци. Во Македонија, но и во другите држави на
Балканот се уште се чувствува влијанието на музиката од некогашната Отоманска империја, рече, Атлас која додаде и дека соработувала со ѕвезди како Питер Габриел, Шинед О Конор, Жан Мишел Жар и многу други.Претходно на 7. по ред Фестивалот на музика од светот настапи врвниот џез пијанист од Турција Керим Ѓорсев, кој со своето трио настапи во придружба на Камерниот оркестар на Битола.  На седмиот Фестивал на музика од светот во Битола беше промовиран албумот “Шербет Љубојна“ на групата “Љубојна“.

More from БитолаMore posts in Битола »