Press "Enter" to skip to content

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишени од слобода две лица, поднесена е кривична пријава

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против 54 годишник од Прилеп и 31 годишник од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари.

Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »