По првата победа против Загреб, вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер дојде до втората победа во Лигата на Шампионите, победена беше екипата на унгарскиот шампион Пик Сегед.
Како и во сите натпревари кои ги игра Еурофарм Пелистер во најелитното европско ракометно друштво салата беше исполенета, а на трибините прекрасна ракометна атмосфера.
Иако натпреварот финишира со ракометна драма сепак победничкиот гол од пенал во последните секунди ги израдува битолчани, љубители на ракометот.
Ваква атмосфера гледаме на сите натпревари, а победата овој пат беше награда за “Чкембарите“, публиката и цела Битола.
Стотици фотографии се направија во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а ние ви пренесуваме преку мега фотогалерија дел од победничката- славеничка атмосфера.
Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски






