Press "Enter" to skip to content

Концертот на Битолскиот дувачки оркестар насловен “Take Five – Биг Бенд приказна“ ги воодушеви присутните (фотогалерија)

-Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција, а на иницијатива на професот Марјан Бакревски, во Битола оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.

Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот на Битолскиот дувачки оркестар насловен како “Take Five – Биг Бенд приказна“ кој работи под раководство на професорот по кларинет Марјан Бакревски.Битолчани кои присуствуваа во салата на Центар за култура имаа  уникатна можност да присуствуваат на концертот, кој траеше еден час, а публиката сакаше да продолжи уште повеќе. На програмата беа  светски познати инструментални евергрини во изведба на фантастичниот Битолски дувачки оркестар, во фанк и џез инструментални композиции и познати светски евергрини. Специјален гостин на вечерта беше битолската пејачка, Јасна Димитровска, која со својот глас внесе дополнителна магија на сцената со своите изведби на неколку песни. На битолската публика и е позната по своите настапи на концерти, истото се случи и вечерва. Таа со своите изведби ги воодушеви присутните, а битолската публика ја награди со силен аплауз.-Некои од овие одлични музичари се со мене од почетокот на нашето “свирење“ кога бевме ангажирани за прв пат да бидеме дел од свеченостите на македонско-српско пријателство на Српските гробишта. Како звучевме тогаш не е за зборување, тешко се препознаваше српската химна, а сега е друго, се обрати по битолски кон публиката, која го поздрави со аплауз. Помеѓу изведбите професорот Марјан Бакревски, вечерва, а и низ сите години на концерти стана миленик на битолската публика, бидејќи со своите интересни обраќања помеѓу изведбите стана препознатлив по својот специфичен хумор, кој и вечерва не недостигаше, а публиката освен што уживаше во музиката, и се насмеа за спонзорите, за гратисите, за публиката, за сценографијата…

Битолчани имаа прилика да уживаат и во соло изведбите на музичарите, а предничеше  професорот Стефан Тасевски.

Жанета Ристевска

Фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »