Синоќа на сцената на Народниот театар Битола со премиера на претставата “Магбет“ свечено беше отворено 11. издание на Шекспир фестивалот, а беше прославени и 81 година постоење на Театарот, пред преполна сала која со аплауз ги награди акрерите, режисерот и целата екипа.
Подготвувањето на “Магбет“ започна во септември, а премиера на „Магбет“ е во режија на унгарскиот режисер Сабо Иштван, а тоа беше спектакл кој подолго време не сме го имале во Битолски театар направен од екипата која брои 39 лица.
Како беше речено пред премиеара оваа претстава отвара нови димензии на размислување како Шекспир може да се постави, дека трагедиите на Шекспир се на работ да бидат комедии, гротеска и епска драма и трагедија.
Улогите ги толкуваат: Александар Димитровски, Никола Стефанов, Мартин Мирчевски, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Мартин Митровски, Филип Мирчевски, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Живко Борисовски, Соња Михајлова, Ана Грамосли, Марија Стефановска, Марија Цветановска, Ива Лазарова.
Екипата на „Магбет“ беше збогатена и со асистент на режија – Јован Ристовски, сценограф – Валентин Светозарев, костимограф – Благој Мицевски, композитор – Ерно Веребес, видео дизајн – Сергеј Светозарев, светло – Горан Петровски, тон – Николче Терзиевски, видео оператор – Владимир Переловски.
Покрај „Магбет“ програмата на фестивалот вклучува претстави од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.
Денес на репертоарот на Шекспир фестивалот во Битола кој ќе трае до 14 до 21 ноември 2025 година во Народниот театар – Битола, а се одржува под мотото „Стореното не може да се поништи“, со почеток во 20 часот, на големата сцена ќе се одигра претставата “Дванаесеттата ноќ“ на Драмски театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска.
Текст и фото: Сашо Ристевски











