Во рамки на прославата на 81. годишнина од основањето на Народниот театар или како битолчани едноставно го викаат Битолски театар, беше положено цвеќе на спомен плочата каде беше стариот театар, местото каде што вработените заедно ги живеат најубавите театарски приказни.
Цвеќе заедно со директорот на НТБ Васко Мавровски положија првенците на театарот Валентина Грамосли и Петар Горко.
-Во чест на 81 година на НУ Народен театар Битола – првиот театар во нашата земја и во спомен на сите колеги кои низ годините беа дел од оваа голема театарска приказна, напишаа од НТБ.






