Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија, претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен.
Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата, со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација. Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Раштанска Река на стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде привремено затворен за сообраќај.
Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин, Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште. Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи непречено во текот на денот и вечерните часови.

Координативен состанок и превентивни активности во Општина Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- СВР Битола: битолчанец со “мерцедец“ возел со 3,23 промили алкохол во крвта, возел без возачка и без регистрација и направил сообраќајка на “Илинденска“
- Денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден (“Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 14 степени
- Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва





