-После интензивните дождови, екипите на јавните претпријатија, “Водостопанство Битола“ и ЈП “Стрежево“ од Битола се на терен. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки за навремено справување со последиците од обилните врнежи. Засега ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активности во текот на целиот ден, онолку долго колку што е потребно, соопшти градоначаникот на Битола, Тони Коњановски.
По обилните врнежи, екипите на “Водовод – Битола интервенираат со механизација и работници на критичните точки во село Карамани и село Лажец за навремено справување со последиците. Состојбата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно.
Екипите на КЈП “Нискоградба“ заради санација на теренот после обилните дождови кои ја зафатија Битола и околните населени места во текот на денот интервенираа кај локалитет “Хераклеја“, село Долно Оризари, село Цапари, село Лажец, мала Ливада кај детското одморалиште и каналот на улица “15-ти корпус“.
Екипите на ЈП “Стрежево“ денес успешно интервенираа на повеќе локации во битолскиот регион, поради обилните поројни дождови кои предизвикаа нагли водотеци и локални излевања. Благодарение на брзата реакција, навремената координација и техничката подготвеност, екипите помогнаа во стабилизирање на состојбата и спречување на поголеми последици врз инфраструктурата и населението.
Активностите продолжуваат до целосно нормализирање на условите.

По интензивните дождови екипи на “Водовод, “Нискоградба“, “Стрежево“ и “Водостопанство“ на терен
More from ВестиMore posts in Вести »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- СВР Битола: управувал возило иако имала забрана, приведување за дрога





