Денес, петок, 21 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, сабота, 22 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.






