Press "Enter" to skip to content

Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)

Во Битола денес во Битолска млекара се одржа неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“, на повеќе од триесетина новинари од повеќе медиуми од државата и презентација на производните капацитети. Поликсена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во “Бимилк“ во уводниот дел на навинарите им ја објасни поставеноста на системот на “Имлек“, и за традиција уште од 1952 година, како најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија.Гостите имаа прилика да го запознаат целиот производствен процес, пристигнувањето на млекото во млекарницата, лабараторијата, производството, полнењето на производите, складиштењето, и дистибуцијата на производите го потрошувачите.На располагање на новинарите им беа Александар Мано, менаџер на операции во “Бимилк“, заедно со Оливер Груевски, и целиот маркетинг тим на “Бимилк“.Настанот беше одлична можност за дружење, но и запознавање на вредностите, традицијата и производните процеси на “Бимилк“ по повод Денот на квалитет, кој традиционално се слави секоја година. Претходно “Бимилк“ приреди вечера и забава во ресторанот “Gold Felicia“ за сите новинари.Понеделник “Бимилк“ традиционално, како и секоја година така и оваа, организира отворен ден по повод “Светскиот ден на квалитет“ за верните потрошувачи да ја посетат фабрика и одблиску да се запознаат со процесите на производство на млеко и млечни производи, контрола на квалитет и лабораториски испитувања, како и да добијат одговор на сите прашања поврзани со начинот на работа на фабриката.

Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »