-Пред 10 години, во ова време селото Мегленци и депонијата за депонирање на отпадот од Битола, која се наоѓа во близината на ова село се најдат на филмското платно во долгометражниот игран филм “Скршено“, кој тогаш чинеше нешто повеќе од 500.000 евра, а истиот е проект на приватни копродуценти од Албанија, Франција, Италија, Грција и
Македонија, преку новоформираната филмска компанија “Балкан синема ситис“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Режисерот на филмот Едмонд Будин тогаш рече дека “Скршено“ обработува една приказна за еден политичар, мафијаш, кој со своите криминални дела и постапки буквално ги принуди жителите од селото да се иселат, за да може тој селото да го претвори во депонија.
-Филмот е драма на односите во едно семејство, драма на односи кои се случуваат во
сите балкански држави моментно со транзицијата, со многу интересна доза на хумор, кој не е директен, туку индиректен и во кој се покажуваат сите аспекти на нашето живеење, рече тогаш Димитар Николов, кој во тоа време беше актуелен директор на Фестивалот “Браќа Манаки“, кој со свои лични средства, исто така, учествува во финансирањето на филмот.
Главниот лик во филмот го игра Гркот Лаерати Василиу, првенец на Националниот театар во Атина, кој како и Николов, издвоил свои средства за финансирање на филмот.
Во филмот настапуваше и младата битолчанка, единаесетгодишната Анѕа Рочи, на
која ова и е прв настап на филмското платно.
Покрај во Мегленци, овој филм се снимаше и во градовите Анкона, Бриндизи, Елбасан, Тирана, Корча.
Филмот “Скршено“ се снимаше во селото Мегленци, општината Новаци, и е речиси сосема напуштено, а во чија близина се наоѓа депонијата каде се складира отпадот од Битола, а на снимањето присустуваше и Лазар Котевски, тогашниот градоначалник на
Општина Новаци.
Инаку, претходно, пред 2015 година, во оваа општина, во селото Маково се снимаше популарната турска серија “Збогум Румелија“, а во селото Зовиќ се снимаше и филмот “Прашина“ на Милчо Манчевски.

Деновиве пред 10 години: во Мегленци се снимаше долгометражниот игран филм “Скршено“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Црквата “Св. Недела“ со жива вера и “побогата“ со моштите на Света Недела кои пристигнаа од Холандија (фотогалерија)
- Билтен на МВР: битолчанец фатен додека крадел мопед во Прилеп
- Стојановски и Вилсон: имаме поголема ротација, со добра одбрана и лесни поени до победа
- СВР Битола: приведен татко, го пријавиле ќерките за физички напад
- Во Битола променливо облачно, температурата до 11 степени










