Press "Enter" to skip to content

Победа и три бода на фудбалерите на Пелистер на гостување

Шкупи – Пелистер 0:3 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер од Битола во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига со три гола кои ги постигнаа во вторто полувреме го совладаа Шкупи со резултат 0:3, полувреме без голово.

“Пелистерци“ го најавија триумфот со голот на Здравковиќ во 4.  минута, кој беше поништен од ВАР собата поради офсајд. Спировски беше во шанса но, биеше крај голот, а прва можност ја имаа и “чаирчани“ во 23. минута од средбата. 

Пелистер ја имаше иницијатива в0 вториот дел, ВАР поништи гол на Шкупи, а потоа Пелистер отвори резултатот  по една одлична тимска акција откако Булатовиќ со глава во проигра Петковски кој погоди за 0:1. Дефанзивецот Ристевски погоди за 0:2.  Победата на Пелистер ја потврди српскиот офанзивец Булатовиќ кој ги постави конечните 3:0.

Со оваа победа Пелистер има 14 бода, и се израмни со Македонија ЃП на 9 место на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »