За студентките на Правен факултет Кичево, дисперзирани студии во Битола, при Универзитет “Св. Климент Охридски“ Битола од правни студии и мастер студиите по Казнено право и криминологија се одржа работилница за „Разбирање на сајбер безбедноста во правното образование“.
На работилницата студентите имаа можност да се запознаат со со правната рамка за сајбер безбедноста – вон. проф. д-р Ивона Шушак Лозановска, дигитално насилство врз жените – проф. д-р Ангелина Станојоска и имаа практична вежба за сајбер напад – Александар Ацев.
Учесничките беа активно вклучени низ дискусиите и покажаа разбирање на предизвиците и одговорностите на сајбер-безбедноста во правната сфера.

Работилница на Правен – “Разбирање на сајбер безбедноста во правното образование“.
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер ги отвора вратите за основците и средношколците
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- СВР Битола: приведување за физички напад со остар предмет и за поседување 30 ленти со таблети
- Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година
- Влатко Трајчески победник на традиционалниот кугларски турнир во Битола





