Во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер“, се одржа традиционалниот кугларски турнир посветен на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. На турнирот учество зедоа екипи од Битола, Прилеп и Демир Хисар.
Турнирот помина во знакот на спортскиот дух, натпреварувањето, дружењето и негувањето на долгогодишната спортска традиција на нашиот град.
Победник на кугларскиот турнир е Влатко Трајчески, второпласиран е Иво Богоевски, а на трето место се пласира Цане Колев.
Наградите на најуспешните учесници ги додели претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.











