На 27.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „8 Септември“ во Битола го лишија од слобода Б.Т.(50) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,86 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.






