Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 годишник со “сеат леон“ излетал од патот, повреден возачот и малолетник

На 27.11.2025 во 01:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Ресен-Прилеп патничко возило „сеат леон“ со демирхисарски регистарски ознаки управувано од 18 годишник од Демир Хисар излетало надвор од коловозот и удрило во метална заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот 17 годишен сопатник од с. Журче, демирхисарско констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »