Press "Enter" to skip to content

Крешимир Мишак ја освои Битола со предавањето “Трансхуманизмот е пред вратата, а каде си ти?“ (фотогалерија)

-Во целосно исполнетата сала на кино “Манаки“ во Битола синоќа се одржа едно од највпечатливите  предавања годинава, хрватскиот новинар, писател и телевизиски водител Крешимир Мишак, познат по култната емисија “На рубу знаности“, пред битолската публика го одржа своето инспиративно и провокативно предавање на тема: „Трансхуманизмот е пред вратата, а каде си ти?“Настан, организиран од Меѓународниот Славјански Универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив “Аристон“, КИЦ Битола, КИЦ Скопје и киното Киноверзум. Крешимир Мишак, препознатлив по своите истражувања на граничните области на науката и современото општество, го отвори прашањето за трансхуманизмот – движење кое ја промовира идејата за спојување на човекот со технологијата, надградба на телото и умот, и редефинирање на човечката природа во ерата на вештачката интелигенција и биотехнолошките интервенции.Предавањето предизвика огромен интерес кај битолската публика, која со големо внимание ги следеше размислувањата на Мишак за технолошката иднина што се приближува со невидена брзина.Трансхуманизмот, според Крешимир Мишак, е идејата дека човекот треба да ги „надмине“ своите природни ограничувања со технологија — од дигитализација на телото па сѐ до создавање „подобрена“ верзија на човекот. Тој смета дека со тоа се губи она што е суштински човечко: свесноста, духовноста, искуството и смислата.

Во своето предавање тој опфати повеќе важни аспекти и тоа како новите технологии го менуваат начинот на живеење и размислување, можните последици од чипирање и биотехнолошки интервенции етичките и духовните прашања што ги отвора трансхуманизмот, опасноста од губење на приватноста, автономијата и човечкиот идентитет, доминантната улога на алгоритмите во современото општество кои на интересен начин ги поврза со настанувањето на системите на цивилизациите, дилемата дали човекот се усовршува – или се претвора во технолошки производ.На предавањето тој зборуваше и за “синхроницитет“. Според него, тоа е начин на кој реалноста ни „одговара“. Надворешниот свет се усогласува со нашата внатрешна состојба и ни праќа пораки, насоки или предупредувања. Синхроницитетот е повик да застанеме, да забележиме, да се запрашаме: „Што ми покажува ова?“ Не е магија – туку знак дека постои подлабока поврзаност меѓу нас, нашите мисли и светот околу нас.За на крај да заврши за нашите „Уверувања“. Реалноста не ја гледаме како што е – туку како што веруваме дека е. Нашите уверувања се филтри што ја обликуваат секоја мисла, емоција и одлука. Кога веруваме во ограничувања, ги гледаме само пречките. Кога веруваме во можности, одеднаш се отвораат врати што претходно не сме ги ни забележувале. И пораката, промената почнува одвнатре. Сменето уверување, доведува до сменета реалност.Крешимир Мишак со своето инспиративно предавање ги поттикна слушателите да размислуваат подлабоко за иднината на човекот во ера на дигитализација од филозофски, духовен, психолошки и културолошки аспект.По завршувањето на предавањето, присутните имаа можност да купат дел од неговите книги и да добијат персонализиран потпис. Мишак  се потпишуваше на примероците, разговараше и се фотографираше со сите што сакаа да понесат спомен од средбата. Непосредниот пристап на авторот го направија настанот уште поинспиративен. Бројните присутни изразија задоволство што имаа можност да слушнат едно од најпрепознатливите регионални имиња кога станува збор за алтернативни научни, филозофски и општествени перспективи.Организаторите упатија благодарност до Крешимир Мишак и до битолската публика за силниот интерес и активно учество.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »