-Пред 10 години, во ова време во 2015 година во Одделот за интервентна инвазивна кардиологија во Клиничката болница во Битола, за првпат се изврши стентирање на периферните крвни садови на нога, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хрничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Интервенцијата е извршена во колаборација и во присуство на лекарите од Клиниката за кардиологија од Скопје, кои пред три години, под водство на проф. д-р Сашко Кедев, помогнаа да започне стентирањето на коронарните крвни садови во болницата во Битола, Д-р Ненси Лозанче, супспецијалист-кардиолог во Клиничката болница, која интервенцијата ја изврши во присуство на скопските лекари.
Тогаш се информираше дека освен стекнатото знаење преку соработката со врвните македонски експерти, за воведувањето на оваа метода, придонесе и проектот на Министерството за здравство за ширење на ангиографските лаборатории.
-Со современата апаратура во Клиничката болница дијагностицирањето е многу често, и дијагностиката е многу подобрена, и со самото тоа овие интервентни процедури. Овие интервенции се почести кај пациентите кои боледуваат од дијабетес, артериосклероза и зголемен крвен притисок, така што сега полесно се дијагностицираат и создадена е можност место со операција проблемот да се реши само со стентирање, вели супспецијалистот-кардиолог, Ненси Лозанче.
Стануваше збор за поспецифичен зафат во стентирањето на коронарните крвни садови, метода која во битолската болница се изведувала од 2012 години и има солидни резултати.

Деновиве пред 10 години: за првпат извршено стентирање на периферните крвни садови на нога во болницата во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Мегленци се снимаше долгометражниот игран филм “Скршено“ (фотогалерија)
- Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ева Милевска од Битола една од ретките скијачки во спуст од поширокиот балкански регион, по повредата се врати на ски-патеките
- Вработени во РЕК “Битола“ засадија 1.400 багремови садници, годинава засадени 10.000 садници
- “Минт Инс“ и болницата “Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток за иднината (фото)
- “И од Битола се може…“ или, како што би рекле битолчани: “И од Битола се МОЖИ“
- Самоил Ристевски: нема лоши тимови во ЛШ, одиме во Загреб по победа










