Press "Enter" to skip to content

“Koza Mostra“ со енергичен спој на традиција, рок, ска и метал на “Музика од светот“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура на четвртата фестивалска вечер на 17. фестивал на Фестивалот на музиката од светот во Битола настапи меѓународно познатата група “Koza Mostra“ од Грција. “Koza Mostra“ е позната по својот енергичен спој на традиција, рок, ска и метал, а тоа го потврди и на вечерашниот концерт во Битола, а настапија веднаш по нивниот настап на “Polandrock“ – еден од најголемите европски фестивали и зад себе имаат долга музичка традиција.“Koza Mostra“ е еден од највлијателните и најпознатите грчки бендови на изминатата деценија, а својот меѓународен пробив го направија на Евровизија 2013 со хитот „Alcohol is Free“, кој денес има повеќе од 12 милиони прегледи на “YouTube“.Од тогаш до денес, нивниот експлозивен спој од традиционална и народна музика со рок, ска, панк и диско ги направи омилени на фестивали низ цела Европа, со енергични настапи, неповторлива харизма и заразен ритам, “Koza Mostra“ создаваат атмосфера што тера секого да пее, танцува и заборава на граници, а така беше и вечерва и битолчани уживаа, запеаја и заиграа во Центарот за култура.“Koza Mostra“ направи забава за битолчани со енергија енергија која ретко се доживува, ја пресоа на публиката.-Не зборуваме ист јазик, ама сите го го знаеме ритамот, ќе кажат членовите на “Koza Mostra“ во Битола, а содадоа незаборавен музички спектакл, во ритми кои ги тераат на игра.Во рамките на оф-програмата на фестивалот, вечерва настапи и македонската рок група “Eruption“ која одржа специјален “Tribute to The Doors“, посветен на легендарниот американски бенд.Утре за крај на Фестивалот, на петтата фестивалска вечер во Големата сала на Центар за култура во Битола ќе настапи Gamazda со Piano Rewind. Виртуозната пијанистка “Gamazda“ (Александра Кузнецова) е позната по нејзините преобразби на рок и метал класици во пијано аранжмани, ќе донесе спектакл со музика од 80-тите до 2000-тите.

 

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »