Press "Enter" to skip to content

Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)

-Преку збор, музика и движење, младите укажаа дека токму љубовта кон словото е суштината на целото учење, а врската меѓу УКЛО Битола и Гимназијата се зацврсти преку одбележувањето на јубилејот од кодификацијата на македонскиот јазик.

-Со овој перформанс се продлабочува преку идејата на ректорот и УКЛО “Корени и крилја – европска диплома дома“ преку членството во европската универзитетска Алијанса “КОЛОРС“.Вечерва на сцената на Народниот театар Битола се оджа свеченост во организација н Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола по повод патрониот празник на битолскиот универзитет Св. Климент, на неговото дело и непроценливото духовно наследство.Свеченоста ја вклучи и завршната манифестација од Државната програма за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а се изведе уметнички перформанс – “Слово љубве“, реализиран низ заедничка соработка меѓу Универзитетот и Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, кои заедно ги промовираат европските вредности, отвореноста и креативноста – вредности што се темел на визијата на Универзитетот, дополнително зацврстена со членството во европската универзитетска Алијанса КОЛОРС.Пред изведбата на омажот на присутните им се обрати ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделовски ги поздрави гостите од Уни Адрион асоцијата, гостите од Софискиот универзитет, академскиот кадар и студентите, професорите и учениците од гимназијата “Јосип Броз Тито“, битолчани… и рече:-Ви се заблагодарувам во името на Универитетот “Св. Климент Охридски“ срдечно да ве поздравам и да ви се заблагодарам што вечерва сте со нас. Со Вашето присуство му давате посебна тежина на овој ден, кој не есамо датум на календарот туку празник на духот, знаењето и словото. Денес го славиме Свети Климент Охридски – нашиот небесен покровител, учителот на учителите, духовниот втемелувач на македонската култура. Често велиме дека Охридската школа е „првиот словенски универзитет“. Тоа не е само убав израз – тоа е суштината на едно наследство кое нè обврзува. Свети Климент создаде генерации учени луѓе, ја продолжи мисијата на св. Кирил и Методиј, ја запали искрата на писменоста која и денес го осветлува нашиот пат, и додаде:-Не е случајно што токму Универзитетот кој го носи името на Свети Климент е домаќин на завршната манифестација во чест на овој јубилеј. Во личноста на св. Климент и во 80-годишнината од кодификацијата се среќаваат два симболи: корените и круната. Корените – древната традиција на словенската писменост и христијанска просветителска мисија; круната – современиот македонски стандарден јазик, кој ни овозможува на рамноправен начин да делуваме во европското и светското научно и културно пространство.Но современиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ кој има традиција од 101 година и постои како универзитет 46 години исто обединува два симболи: корените и крилјата. Корените – желбата да ги задржиме младите во својот град и држава; крилјата – како универзитет членка на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС да им овозможиме европско образование дома. Вечерва тоа единство помеѓу корените, круната и крилјата го славиме со уметничката претстава „СЛОВО ЉУБВЕ“. Особено ми е драго што ова се случува како плод на заедничката соработка меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Со тоа градиме мост меѓу генерациите: од средношколските клупи до универзитетските амфитеатри. Овој мост е најдобриот одговор на прашањето каква иднина сакаме – иднина во која младите луѓе ќе растат со почит кон својот јазик и култура, но и со интеграција во Европа и отвореност кон светот, рече Неделковски.Настанот претставува е редок синкретизам на науката и уметноста и симбол на продлабочената меѓуинституционална соработка и е дел од националното чествување на 80 години од стандардизацијата на современиот македонски јазик и 80 години од првиот наставен час во Гимназијата.“Слово Љубве“ е во изведба на драмската група “Анима 4“, а ментори се м-р Даниела Петровска и професор м-р Симона Петровска, а ученичката Веда Мавровска е режисер. Утре, 5 декември, ќе се одржи свечена седница на Сенатот и Ректорската управа и ќе се доделат признанија за најдобро дипломирани студенти, најдобрите научници, ректорски повелби и благодарници, како и награди за најиновативни идеи во рамките на проектот NanoBioTech Nexus, дел од Европскиот институт за иновации и технологии.

Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска
 
More from КултураMore posts in Култура »