Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: четворица приведени за дрога, жена пријавила напад од жена, приведување за нарушен јавен ред и мир

На 03.12.2025 во 23:30 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишија од слобода две лица на возраст од 24 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 03.12.2025  во 19:20 часот на ул. „7 Јули” во Битола, полициски службеници од СВР  Битола лишија од слобода 23 годишник и еден малолетник затоа што при преглед кај нив, кај 23 годишникот  е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2025 во 09:55 часот во СВР Битола, К.А. (43) од село Новаци, битолско, пријавила дека, по кратка расправија, била физички нападната од 64-годишна жена од Битола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 03.12.2025 во 15:30 часот на ул. „Мукос” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 71 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.