Press "Enter" to skip to content

Свечена академија во Библиотеката по повод патрониот празник, плакета за Александар Стерјевски постхумно (фотогалерија)

Вечерва во НУ универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа свечена академија по повод патрониот празник на установата, а по тој повод се одржа свечена академија, на која беше прикажан  документарен филм, поздравни обраќања од раководството, како и неколку промоции библиографијата за Вера Антиќ и Александар Стериовски, збирка од роднокрајни писатели и двобројот 60/61 на списанието “Библиотечен тренд“.На одбележувањето просистуваше градоначалник на Општина Битола – Тони Коњановски, ректорот на УКЛО Битола – проф. д-р Игор Неделковски, заменик градоначалникот Марина Крстиќ, претседаетлот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски, градоначалниците на Општина Новаци и Општина Могила, советници во Општина Битола, поранешни директори на Библиотеката,  библиотекари,  писатели, читатели, љубители на пишаниот збор…Поздравно обраќање одржа директорката на универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола, Емилија Стефановска-Давкова, која рече:-Со големо задоволство, но и одговорност денес Ви се обраќам како директор на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола која повеќе од осум децении е чувар на знаењето, културата и традицијата на нашиот град и на нашата држава. Во времиња на брзи технолошки промени, библиотеката останува непроменливо прибежиште на мудроста – место каде што пишаниот збор го добива своето вистинско достоинство, а секој читател – своето сопствено патување. Токму поради тоа, нашата мисија не е само да ги чуваме книгите, туку и да ги разбудиме, да им дадеме нова сила преку дигитализација, иновативни услуги и современи форми на културна и СЕКАКО, академска соработка. Денес, овде, заеднички градиме простор во кој традицијата се спојува со модерното, а нашата библиотека се поставува како активен учесник во културниот, образовниот и општествениот живот на Битола. На настанот  беа промовирани дела кои ја заокружуваат 80-годишна традиција и ја претставуваат како жива, модерна и продуктивна институцијаи тоа: две библиографии, два каталози, едната книга- публикацијата за историјата на нашата библиотека и Монографијата  по повод 80-годишниот јубилеј на НУ Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола,  еден Зборник од роднокрајни автори, списанието „Библиотечен тренд“ – двоброј.-Морам да изразам една огромна благодарност до ректорот, проректорите и сите соработници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а ќе повторам дека нашата соработка е стабилна и верувам дека во иднина ќе се продлабочува и развива со уште поголема динамика и резултати. Благодарност и до Градоначалникот на Општина Битола, градоначалниците на Општина Новаци и Општина Могила, и сите институции и индивидуалци кои ни подадоа рака и со кои заеднички градиме идни културни политики за нашиот град и ја развиваме оваа наша заедничка институција, рече Емилија Стефановска-Давкова.-Очекувам дека во годината што следи, со нивно застапување и лобирање, ќе обезбедиме инвестиции за обновување на старото историско крило на Библиотеката – бисер на културното наследство на Битола, дел од историскиот Широк Сокак и е под заштита на културното наследство. Санација на кровна покривка, стара над 150 години и секако уникатната историска фасада, што не е само наша заложба, туку и должност на Министерството, рече Стефановска-Давкова. Промотори на изданија беа проф. д-р Елка Јачева-Улчар, признат научник и неуморен бранител на македонскиот јазик и идентитет, и писателот Илче Стојановски, поранешен советник-библиотекар и голем пријател на библиотека.По промоцијата на двете библиографии, едната посветена на пред скоро покојниот проф. д-р Александар Стерјовски – најголем хроничар на нашиот град Битола, два мандати проректор на УКЛО и продолжение од библиографијата на славната проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, борец за нашиот идентитет и експерт за средновековната македонска книжевност, беше доделена плакета на проф. д-р Алекдандар Стерјовски – пост хумно.Плакетата ја прими неговиот син Гого, кој со многу емоции искажа благодарност за спомнувањето на неговиот татко во оваа прилика, на денот на патронот на Библиотеката.Доделени беа и благодарници на хрватското друштво “Марко Марулиќ“ и за сестрите од Католичката црква во Битола кои донираа стари и вредни ракописи.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »