Press "Enter" to skip to content

Рубен Гарабаја не е повеќе тренер на Еурофарм Пелистер од Битола, Шундовски привремено решение

Тренерот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола, Рубен Гарабаја, по поразот од Загреб во Лигата си поднесе оставка која раководството му ја прифати.

Гарабаја беше дел од Еурофарм Пелистер од оваа година, а тимот го водеше до Суперкуп-титулата, а по спогодбената разделба со “пелистерци“, Рубен Гарабаја се обрати до навивачите на „зелените“ од Битола.

-Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина.“, изјави Гарабаја.

РК Еурофарм Пелистер му се заблагодари на Гарабаја за професионалноста и му посака успеси во понатамошниот тек на кариерата, а по оставката на досегашниот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.

Од управата на пелистерци ги повикаа сите вистински љубители на ракометот, како и битолската јавност, да застанат обединето зад клубот во претстојните предизвици.

More from СпортMore posts in Спорт »