Во салата на Народниот театар ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола со свечена приредба го одбележа денот на училиштето посветен на својот патрон, големиот учител Св. Климент.
-ОУ “Св. Климент Охридски“ зад себе остава уште една успешна година, ја продолжуваме традицијата на квалитет наставен процес, освоени голем број на награди, државни првенства, реализирани проекти, работилници и активности со различно општествено значење, изјави директорот Предраг Созовски и додаде:
-36 години како цврсто остануваме на нашиот пат, вложуваме во идните генерации, вложуваме во нивната иднина. ОУ “Св. Климент Охридски“ било и останало едно од најдобрите училишта во нашата општина.
Покрај свечената манифестација училиштето во текот на целата недела имаше бројни активности, приредби од најмладите, работилници, хуманитарна акција и спортски натпревари.

ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер ги започна подготовките, целта експресно враќање во Прва лига (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на фабриката “Кромберг и Шуберт“ во Битола (фото)
- Се гради подрачно училиште во “Буковски ливади“ во Битола – премиерот Мицковски и министерката Јаневска на увид во работите (фото)
- СВР Битола: едно приведување за агресивно однесување кон полиција, друго за закани кон вреботена
- Премиерот Мицкоски во Битола, ќе посети компанија и училишен објект





