Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол

На 05.12.2025 во 22:44 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода  47 годишник  од Битола, затоа што управувал патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, во спротивна насока.

Потоа било констатирано и дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 0.59 промили алкохол во крвта. 

More from ВестиMore posts in Вести »